17.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Времето со ново изненадување: Подгответе се за невреме

Под влијание на серија влажни бранови во наредните денови ќе се задржи претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег.

Врнежите ќе бидат со слаб до умерен интензитет и повеќе застапени во западните делови од земјава.

Денеска во овие делови локално се очекува да наврнат над 20л/м2.

Се очекува снежната покривка на планините значително да се зголеми.

Ќе дува умерен, долж Повардарието и во источните подрачја до засилен југоисточен ветер.

Синоќа силни врнежи од снег на Ѓавато

Во текот на ноќта на планинскиот превој Ѓавато, патот беше прекриен од снег.

Погледнете го видеото:

АМСМ СЛУЖБА ЗА ПОМОШ И ИНФОРМАЦИИ известува:

ЗАБРАНА ЗА СООБРАЌАЈ:

На патните правци Гостивар – Кичево, преку планинскиот премин Стража и крак Маврово – Дебар има забрани за движење на тешки моторни возила поради врнежи од снег.

СОСТОЈБА:

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, во западните и југозападните делови од државата наместа со остатоци од кашест снег на коловозот.

Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на Попова Шапка, Маврово, Крушево, Кичево, Буково, Ѓавато, Пресека и Железнец, а со послаб интензитет во Тетово и на планинскиот премин Стража.

Во Гостивар и во Дебар врнежите се од дожд и снег.