16.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Страшен потрес од 7.2 степени, се нишаа зградите – а луѓето излегуваа на улица по силното “дрмање” во Мексико

Земјотрес со магнитуда од 7,2 степени според Рихтеровата скала го погоди Мексико.

Според извештаите од локалните медиуми, во земјотресот нема жртви и не е причинета голема материјална штета.

Поради земјотресот, без електрична енергија останале милиони луѓе.

Неколку илјади луѓе ноќта ја поминале на отворено поради страв од нов потрес.

Пред пет месеци Мексико го погодија уште два силни земјотреси.

Првиот со јачина од 8,2 степени се случи на 7 септември, а во него загинаа 96 луѓе.

Вториот земјотрес кој се случи на 19 септември со јачина од 7,1 степен загинаа 369 луѓе.

Мексико се наоѓа на место на кое се спојуваат пет тектонски плочи и поради тоа земјотресите се чести.