3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Власта претера со расфрлање на парите на граѓаните

Власта на СДСМ претера со расфрлање на парите на граѓаните. Почна да склучува сомнителни договори во четири очи тешки по неколку милиони евра со образложение дека им било итно. За ваквата итност и за ваквата аздисаност се плаќаат двојно повисоки цени. Овие цени власта на СДСМ не ја загрижуваат бидејќи се покриваат со пари на граѓаните. Затоа бараат начини за да ги покријат ваквите скандали, како милионскиот скандал што го предизвика неспособното раководство на РЕК Битола, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму велат дека јавноста целосно е дефокусирана од катастрофалната економска и државна политика на СДСМ, преку монтираните судски процеси на десетици видни општествени дејци, неосновано обвинувајќи ги за тероризам.

„СДСМ очајно се обидува преку политички прогон и со монтирани судски процеси да ја прикрие неспособноста која секојдневно ја покажува на секое поле од своето владеење. Македонија е заробена држава и е единствената држава во Европа која има политички затвореници“, велат од партијата.

Од таму бараат судот час поскоро да го запре, како што велат, прогонот на неистомислениците со власта и да се ослободи од стегите и влијанијата на Зоран Заев и СДСМ.

„Новата влада покрај тоа што секој ден нè оддалечува од евроатланските институции и нивните принципи ја уназадува државата на во секој поглед. Македонската економија во државата тоне и е пред тотален колапс, а токму на тоа укажуваат и сите макроекономски показатели. Граѓаните се посиромашни, а оние работи кои можеле пред една година да си ги дозволат сега не можат ни да ги замислат. Давачките растат, а платите и пензиите кои во за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ растеа веќе една година стагнираат“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Спонзорирано: