6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Двајца скопјани искасани од кучиња скитници

Маж и жена од Скопје вчера пријавиле во полиција дека биле искасани од кучиња скитници на различни локации во градот.

Според информациите на МВР, А.Р.(42) од Скопје вчера пријавила дека во 15,30 часот на улица Лука Геров нејзината мајка В.Р.(70) била касната од куче во пределот на десната подколеница.

Истиот ден, во 20 часот Р.В.(58) од Скопје, пријавил дека околу 16 часот додека со моторцикл се движел на булевар 12-та Македонска Бригада бил нападнат од куче скитник кое го каснало под коленото на десната нога.

Спонзорирано: