18.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТМОЗАИКТОП ВЕСТИ

(Видео) Фамозниот остров-аеродром на Малдивите

Меѓународниот аеродром во Мале, главниот град на Малдивите, е единствен кој нуди интернационални летови во оваа островска држава во јужна Азија.

https://www.youtube.com/watch?v=e1xnyYHDATs

Се наоѓа на островчето Хулхуле, во близина на главниот остров Мале.

Некогаш аеродромот го носел името на првиот малдивски претседател Ибрахим Насир, а денес се нарекува Меѓународен аеродром Велана.

На ова островче во Индискиот Океан аеродромот првпат е отворен во октомври 1960 година. Тогаш имал само челична писта со димензии од 23 на 914 метри.

 

Со порастот на бројот на туристи во оваа егзотична дестинација, аеродромот бил реновиран и проширен.

Островот-аеродром денес содржи и метеоролошка станица и хотел наменет за патниците на кого Малдиви им е транзитна земја.

И додека некои уживаат во спектакуларната глетка додека слетуваат и полетуваат од овој аеродром, многумина се исплашени од фактот што пистата е широка 45 и долга 3.200 метри, а се наоѓа на надморска височина од само два метра.

Спонзорирано: