8.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Косово слави 10-годишнина од прогласувањето независност

Косово денеска и утре ја одбележува 10-годишнината од прогласувањето независност со одлука на Собранието на 17 февруари 2008 година.

По тој повод денеска владата на Косово ќе одржи свечена седница, а ќе се одржат и разни манифестации и изложби.

Утре ќе биде одржана конференција „Една деценија независност“, а потоа Собранието ќе одржи свечена седница по која ќе има парада на безбедносните сили и полицијата.

„Б92“ објави дека по 10 години, Косово го признале околу 100 држави. Точниот број, според изјавите на Белград и Приштина останува недоумица. Приштина тврди дека Косово го признале 116 држави, од Белград, пак, ја оспоруваат оваа бројка. По едностраното прогласување независност, Косово веднаш го признале повеќе од 50 држави, а од 2009 година признанијата стигнувале сè поретко. Прва земја која го призна Косово е Костарика, а последна, како што тврди Приштина е Барбадос.

Шефот на српската дичоматија Ивица Дачиќ денеска изјави дека државата Бурунди ја повлекла одлуката за признавање на Косово. Тој тврди дека на списокот на земји се наоѓаат барем седум-осум измислени признавања, не прецизирајќи за кои држави мисли. Според него, ако Србија сериозно пристапи кон тој проблем, бројот на држави кои го признале Косово ќе падне под 100.

Прва држава која ја повлече одлуката за признавање на Косово беше Суринам на 27 октомври 2017 година, тврди Белград. Но, кај косовското министерство за надворешни работи Суринам сè уште се наоѓа на листата.

Спонзорирано: