10.4 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев: Приближување за три од вкупно седум точки во преговорите за името

Премиерот Зоран Заев денеска оцени дека во преговорите околу спорот за името со Грција има позитивно придвижување за три од вкупно седум точки за кои се разговара. Тој при посета на Тиквешијата потврди дека име со географска одредница е прифатливо за македонската страна.

„Од седум позиции кои беа појдовните точки на разговорите, знам дека веќе е намалено на четири позиции, три се отстранети. Јас верувам дека со политиката на новата Влада многу брзо ќе можат да се отстранат и другите позиции“, рече Заев во Неготино. Според него, остануваат разговори за суштинските прашања меѓу кои ги набројува „името, уставот и јазикот…“. Според Заев, веројатно тие беа најлесните точки, но дека тоа е сигнал и за двете страни дека може да се изнајде решение. „Секако, суштинските позиции се многу значајни, името, уставот дали ќе се менува или не, јазикот и други работи кои таму се спомнуваа. Тоа е суштината на самиот преговарачки процес и можноста за изнаоѓање решение“, рече премиерот.

Тој вели дека на средбата во Виена всушност почнал преговарачкиот процес, а сè досега било презентирање на позициите на двете страни. „Не очекувавме ние премногу, пред сè има образложување на суштините на позициите на двете страни, со обид за меѓусебно разбирање. Медијаторот Нимиц го води процесот, тој ги знае работите што може и што не може да поминат. Мене ми е драго што се разглобени сите отворени прашања. Ако тргнеме од некои седум позиции коишто беа појдовни точки на разговорите, знам дека тоа е веќе намалено на четири, значи три се отклонети“, рече премиерот Заев.

Тој останува на ставот дека нема потреба од интервенции во Уставот и дека добро се знае до каде може да се направат отстапки, а доколку се најде решение, граѓаните ќе го имаат последниот збор, преку референдум. „Тоа значи за нас е прифатливо име со географска одредница, односно ги отстрануваме сите други кои беа временска одредница, или некои други укажувања кои беа како предлози“, рече Заев.

Спонзорирано: