14.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Тројца ранети во пукање пред седиштето на американската агенција за национална безбедност

Пукотници од огнено оружје одекнале пред седиштето на Агенцијата за национална безбедност во американски Мериленд.

Засега непознат сторител, кој возел црно теренско возило, се приближил до оградата и почнал да пука од огнено оружје. Фотографиите и снимките од местото на настанот покажуваат дупки од куршуми на шофершајбната од возилото.

Според локалните телевизии, во пукањето тројца биле ранети, а осомничениот бил уапсен. Меѓу повредените е и еден полициски службеник.

Истрагата во врска со овој инцидент ја преземало ФБИ. За настанот исто така бил информиран и американскиот претседател Доналд Трамп.

Спонзорирано: