14.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Политиките на СДСМ ги зголемија трошоците за живот на домаќинствата

Покачувањето на цените и порастот на трошоците за живот почнуваат да стануваат реалност, реагираат денеска преку соопштение од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму истакнуваат дека според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС) за индексите на трошоците на живот и цените на мало, во јануари 2018 трошоците за живот пораснале за 1,1% во споредба со јануари 2017 година, а малопродажните цени бележат пораст за 2.3%.

„Домаќинствата во Република Македонија благодарение на политиките на СДСМ денес трошат повеќе од пред една година, што дополнително ќе се одрази на нивниот животен стандард. Ова првенствено се должи на покачувањето на акцизата на дизел горивата од 3,5 денари, која ги зголеми трошоците за живот за течни горива за 12,7%, но и трошоците за транспортни услуги за 5,3%. Трошоците за живот во споредба со јануари 2017 се зголемени и за другите производи и услуги“, се наведува во соопштението.

Од ВМРО-ДПМНЕ нагласуваат дека цените на мало исто во споредба со јануари 2017 година пораснале, и тоа кај земјоделските производи, индустриските производи, прехранбените производи и услугите.

„Порастот на трошоците за живот е најголем пораст во последните неколку години и е доказ за неспособноста на СДСМ да ја води економијата. СДСМ е без идеја и продолжува со катастрофалните политики во економската сфера. Наместо нови вработувања, имаме стотици отпуштања од работа. Наместо поволности за бизнисот, имаме влошување на условите за водење бизнис преку поскапување на основните средства за водење бизнис. Политиките на СДСМ ја водат државата кон економското дно. Наместо живот, дојде беда“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Спонзорирано: