14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Полицијата во Кина почна да користи паметни очила за препознавање лица

Кинеската полиција почна да користи очила со технологија за препознавање лица. Како што пишуваат локалните медиуми, а пренесува The Verge, припадниците на полицијата почнаа со тестирање на очилата на железничката станица во Џенгџо каде се користи за скенирање на туристите во текот на претстојната кинеска Нова година. Станува збор за период со екстремен метеж често опишан како период на најголема миграција на Земјата.

Полицијата соопштила дека досега благодарение на очилата се уапсени седуммина осомничени за тешки кривични дела, но и 26 лица кои патувале со лажен идентитет.

Од компанијата што ги направила очилата ннаведуваат дека соработувале со локалната полиција за да развијат технологија што одговара на нивните потреби.

Според некои проценки, Кина до 2020 година ќе има повеќе од 600 милиони сигурносни камери.

Спонзорирано: