23.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Пријателски поздрав меѓу шефовите на двете Кореи

Претседателот на Јужна Кореја, Мун Jae-ин и формалниот претседател на Северна Кореја, Ким Јонг-нам, денеска се сретнаа и се ракуваа пред церемонијата на отворањето на Зимските олимписки игри во Јужна Кореја.

Ким, кој официјално ја предводи севернокорејската дипломатска делегација, се состана со Мун на приемот на лидерите организиран пред церемонијата на свеченото отворање, пренесе јужнокорејската агенција „Јонхап“.

Претседателот на Јужна Кореја и неговата сопруга ги примаа високите гости еден по еден. Претставниците на двете ривалски земји разменија и насмевки додека пријателски се ракуваа.

Ким Јо-џонг, влијателната сестра на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, исто така е дел од делегацијата која пристигна од Пјонгјанг во Пјонгчанг, но таа не била присутна на приемот.

Ким Јонг-нам е највисокиот претставник од Северна Кореја кој кога било пристигнал во посета на јужниот сосед, додека Јо-џонг е првата од северната владејачката династија Ким која стапнала на почвата на големиот ривал.

Ким Јонг-нам и Ким Јо-џонг беа примени и од јужнокорејскиот министер за обединување, а на средбата претставниците на двете делегации размениле шеги на сметка на ниските температури.

Сестрата на првиот човек во Северна Кореја била релаксирана и во придружба на четворица телохранители, пред со воз да замине кон јужнокорејскиот Пјонгчанг.

Тридневната посета на севернокорејската делегација е круна на спектакуларното затоплување на односите меѓу двете земји, по две години голема напнатост поради балистичките и нуклеарните програми на Северна Кореја.

Спонзорирано: