12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Египет почна масовна операција против екстремистите во Синај

Египетските сили почнаа голема воено-полициска операција на полуостровот Синај, каде што исламските екстремисти се најактивни.

Портпаролот на армијата, полковникот Тамер ел Рифаи, рече дека во операцијата која почнала денеска учествуваат воени и полициски сили, а истата се одвива во централен Синај, египетската делта на реката Нил и Западна пустина по должина на границата со Либија. Ел Рифаи објасни дека цел на операцијата се „криминални елементи и организации“.

Екстремистичките напади драстично се зголемија во Египет од 2013 година, кога претседателот Мухамед Морси, исламист, беше разрешен од функцијата по масовните протести против неговото владеење, кое траеше една година.

Насилството беше концентрирано во северниот дел на Синај, но се прошири и во други делови на Египет, кои со години се бореа да го потиснат бунтот.

Спонзорирано: