14.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Ласовска: СДСМ со своите политики ја колабираше економијата

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, која ја бојкотира работата на Собраниeто, преку својата пратеничка Благица Ласовска ја обвини владеjачката гарнитура на СДСМ дека откако тие се дојдени на власт, поскапелe водата, бензинот, државата се задолжила премногу, а, пак, екомонијата колабирала. Според Ласовска, сега има вработувања, но партиски. ВМРО-ДПМНЕ го промени слоганот на владеjачката гарнитура од „Живот за сите” во „Сиромаштија/беда за сите”.

„Од јануари граѓаните плаќаат поскап дизел, а ќе плаќаат и поскапа вода. На повидок се покачени даноци, имаме масовни отпуштања на работници. Нема странски инвестиции. СДСМ наместо да ги продолжи проектите на ВМРО-ДПМНЕ, тие удираат врз џебот на граѓаните, а економијата стагнира. Според стагистиката, над 450 илјади Македонци се сиромашни. Најсиромашни се младите. Граѓаните сè уште се соочуваат со сиромаштијата. ВМРО-ДПМНЕ десет години се бореше против сиромаштијата, а Македонија беше на 5. место во Европа по водење бизнис. Владата не само што не почна нови инфраструктурни објекти, туку стопира постоечки. Билансот на работењето на СДСМ во овие 8 месеци е еднакво на катастрофа“, рече Ласовска.

Таа ги спомена договорот со Бугарија, но и решението за спорот со името, кое не било транспарентно. Ласовска воедно негираше дека тие наликуваат на СДСМ од времето кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт.

 

Спонзорирано: