19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Трамп планира да им понуди државјанство на речиси 2 милиони имигранти

Белата куќа објави план за имиграција, со кој ќе им биде понудено државјанство на речиси два милиони млади луѓе, кои кои нелегално како деца пристигнале во Соединетите американски држави. Во замена за оваа понуда, Трамп од Сенатот ќе бара финансирање на контроверзниот пограничен ѕид со Мексико, пренесе Би-Би-Си.

Предложениот предлог-закон, кој треба да биде објавен во понеделник, предвидува 25 милијарди долари во фондови за ѕид на границата со Мексико.

Демократите, кои се противат на финансирање на ѕидот, го критикуваа овој план.

Во планот е даден патот од 10-12 години кој води до државјанство за 1.8 милиони луѓе.

 

Спонзорирано: