11.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСТОП ВЕСТИ

Анѓушев: Владата силно ќе ги поддржи микро, малите и средните претпријатија

Владата силно ќе ги поддржи микро, малите и средните претпријатија, изјави заменик-претседателот на Владата, Кочо Анѓушев, кој присуствуваше на свеченото отворање на новите простории на Бизнис-центарот за претприемништво и извршен развој (CEED Hub).

Анѓушев за време на своето излагање истакна дека Владата за Програмата за економски развој за 2018 година има детерминирано 46 проценти повеќе средства во однос на 2017 година.

„Над 98 проценти од вкупниот број компании се мали и средни претпријатија и токму затоа Владата беше посветена во својата економска програма да детерминира што е можно повеќе средства и да креира мерки кои ќе бидат имплементирани преку Фондот за технолошки развој и иновации и да им помогне на старт-ап и малите и средните претпријатија“, истакна Анѓушев.

Додаде дека Владата креирала конкретни мерки за поддршка на малите и средни претпријатија и за поддршка на претприемништвото, особено за младите лица коишто треба да бидат поддржани во остварување на своите бизнис-идеи.

„Освен поддршката преку таканаречените меки мерки, односно за покривање трошоци за едукација и обуки, Владата ќе ги поддржи старт-ап и малите компании со директна финансиска помош. Малите и средни претпријатија ќе бидат поддржани со 30 проценти поврат на инвестициите за основните средства за извршување на дејноста, а ќе се овозможи 70 проценти поврат на инвестиција за компании кои ќе воведуваат иновации и ќе креираат нови производи. На Фондот за иновации доделени се значителни средства за формирање фонд за ризичен капитал, со кој ќе овозможи пристап до средства за малите и средни компании“, потенцираше Анѓушев.

Новите простории на центарот се отворени со средствата кои се обезедени во рамки на „Проектот за мали и средни претпријатија“ на USAID, спроведуван од CEED Macedonia, a со поддршка од Амбасадата на Швајцарија.

Преку овој проект, кој е со вредност од 3,1 милиони долари, во изминатите шест години била овозможена поддршка за околу 650 претприемачи, биле креирани околу 350 нови работни места, а воведени биле нови практики во 140 компании и обезбедени разновидни услуги за развој на бизнисот за околу 400 корисници на проектот.

Спонзорирано: