16.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Вакво нешто не е видено: Маж нападнал полициско куче гризејќи го

Човек од Њу Хемпшир бил уапсен кога гризнал полициско куче додека полицијата спроведувала истрага за пукање во градот Боскавен. Инцидентот се случил во неделата кога полициските службеници ги проверувале дојавите дека во една куќа во градот било застрелано лице со огнено оружје.

Во куќата биле пронајдени две лица што се обиделе да побегнат кога полицијата сакала да ги уапси, изјавил полицискиот поручник Џејсон Килари.

„И двајцата силно се спротивставиле на апсењето. Еден од нив го гризнал кучето и тоа возвратило со иста мера, а потоа човекот бил совладан со електрошок“, рекол Килари.

Човекот, чиј идентитет не е објавен, бил обвинет за противење на апсење и напад на полициско куче. Кучето не е сериозно повредено и може да се врати во службата.

„Доколку се натпреварувате во гризење со полициско куче, нема да победите“, изјавил Килари. „Тие се прилично добри во тоа“.