22.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Законот за јазиците не е спротивен на Уставот

Законот за јазиците не е спротивен на Уставот, а ВМРО-ДПМНЕ треба да ги надмине политиките на поделби и изолација, реагираат од СДСМ по прес-конференцијата на кој опозицијата најави враќање во Собранието за да учествува во неговата расправа.

Доколку ВМРО-ДПМНЕ навистина сака да се вклучи во демократските и реформските процеси, треба да ги надмине политиките на деструкција, поделби и раздор помеѓу граѓаните, кои сè уште ги застапува и промовира. Воопшто не се точни тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ. Законот за употреба на јазиците не е спротивен на Уставот. Напротив, тој е во согласност со Уставот и амандманот 5 и со неговото усвојување не губи никој, туку сите добиваат, а со тоа најмногу добива Република Македонија“, велат од СДСМ.

Владејачката партија додава дека со законот не се загрозува уставната положба на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо како единствен службен јазик и писмо на целата територија, во меѓународните односи, централната полиција, одбраната и монетарната политика.

„Законот не фаворизира, туку ја унапредува употребата на сите јазици на немнозинските заедници во Македонија, која се гради како едно општество за сите граѓани“, велат од СДСМ и додаваат дека цврсто веруваат во концептот на едно општество за сите, во кое граѓаните полесно би ги остварувале своите уставни права.