16.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Синоптичарите излегоа со најново метео предупредување: Снегот на голема врата доаѓа во Македонија, се најавува пресврт со времето

Утре претпладне во западните делови ќе има врнежи од дожд, а само на повисоките планини снег.

Попладне врнежите ќе се интензивираат и ќе се прошират насекаде.

Пообилни врнежи ќе има во западните подрачја (локално над 30л/м2). Ќе дува засилен југозападен ветер (над 70 км/ч, а на планините и над 100 км/час).

Поради брз продор на студена воздушна маса проследен со засилен северен ветер, во вечерните и ноќните часови врнежите ќе преминуваат во снег и на некои пониски места, особено во северните и западните подрачја. Во четврток ќе бида студено со засилен северозападен ветер. Нови врнежи се очекуваат од сабота попладне.