ЈП „Градски пазар“ претрпе финансиски тешкоти и отежнати услови за работа во пазарот со една година катастрофално менаџирање.
Директорката Кристина Крлеска-Деспотоска најмногубројните активности во отчетот да ги поткрепи со фотографии за да може граѓаните да видат навистина што и колку сработиле. Градбата на затворениот пазар досега требаше да биде завршена и дополнително да бидат поставени нов покрив, нова фасада и поделба на хала за текстил на две нивоа, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.
„Дали намерно се одолжува поради тоа што не се дислоцирани тезгите во пазарот за да може инвеститорот да ги почне и заврши другите обврски од договорот со фасадата, покривот и халата? Дали поради тоа може да се доведе во прашање нормалното работење на пазарот?
Зошто директорката Крлеска-Деспотоска и градоначалникот Стојаноски го толерираат изведувачот и дали навистина не му наплаќаат пенали? Со тоа свесно, нели, го прекршувате законот?
Дали претпријатието поседува основен проект и одобрение за градба за малото пазарче и кванташкиот пазар или овие градби се дивоградби, со што е прекршен Законот за градењето и е направено кривично дело?
Дали оградите на мостови, детски и спортски игралишта ги изработувате по основен проект одобрен од институција и дали имате квалификувани луѓе со соодветно образование и сертификати за поставување, градба и заварување огради и за изградба на огради на мостови?
Наместо доизградба на затвгорениот пазар, охриѓани добија повисоки цени за тезгите, стагнација и беда. СДСМ и градоначалникот Стојаноски од животот што го ветуваа, донесоа само уназадување на Охрид, обвинуваат од опозициската партија.