4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Потрагата по напаѓачите во Кабул сè уште трае, бројот на мртвите расте

Властите во Авганистан се обидуваат да ја идентификуваат групата што стои зад самоубиствен напад во кој загинаа најмалку 55 лица и беа повредени 80 лица на верскиот собир во Кабул кога талибанците ја отфрлија одговорноста за нападот.

Меѓу жртвите се верски претставници од разни делови на земјата поканети од страна на авганистанскиот совет Улема за да го прослават роденденот на пророкот Мухамед во вторникот.

Додека не се дознае кој е одговорен за нападот, не е јасно дали целта била да се поткопа владата на претседателот Ашраф Гани или се работи за дел од стратегијата за да се задржи притисок врз неговата влада и западните сојузници додека се обидуваат да почнат мировни преговори со талибанците за завршување на 17-годишната војна.

Бројот на мртвите се зголемува бидејќи повеќето од повредените беа во тешка состојба.