Новиот закон за прогресивно оданочување кој би започнал со важност од 1 јануари носи измена на правилата во спортските обложувалници.
Со измените, данокот на доход од игри на среќа ќе се плаќа по нова, единствена каматна стапка од 15%, што е зголемување за 50% или 5 процентни поени од актуелната стапка која изнесува 10%.
Со новите измени ако со 100 денари сте добиле добивка од 10.000 денари, обложувалницата до сега ви задржуваше 990 денари и исплаќаше 9.010 денари, а од 1 јануари ќе ви задржи 1.485 денари и наместо 9.010 ќе ви исплати 8.515 денари а остатокот ќе го уплати во УЈП.
Спонзорирано: