21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Турција неутрализира 45 терористи во изминатата недела

Најмалку 45 терористи, вклучувајќи и двајца т.н. високи функционери беа неутрализирани во антитерористички операции во Турција во изминатата недела, соопшти турското Министерство за внатрешни работи.

Според Министерството, вкупно 2 143 антитерористички операции биле изведени во периодот од 29 октомври до 5 ноември.

Вкупно 25 терористи се убиени, 10 се приведени, додека, пак, 10 терористи се предале на вооружените сили, се вели во соопштението на турското МВР.

Силите за безбедност уапсиле и 740 лица кои помагале или учествувале во терористички организации, 3 698 чица за кривични дела поврзани со дрога и шверц, како и 139 лица за трговија со луѓе.

Во вкупно девет провинции, уништени биле 38 засолништа и 15 импровизирани експлозивни направи и мини во сопственост на теористичка група, а запленети се 42 рачни гранати, 895 килограми експлозивен материјал, 29 пиштоли и пушки, како и 746 парчиња муниција.

Во рамките на операциите за наркотици, безбедносните сили заплениле преку шест тони дрога во земјата.

Во меѓувреме, вкупно 3 970 нелегални миграции биле запрени во текот на овие операции.

Спонзорирано: