Се зголемува бројот на жртвите од разорниот земјотрес што утринава околу 4 часот по локално време ја погоди Турција.
Според турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, во таа земја загинале 912 лица, а сириските власти изјавиле дека во Сирија загинале најмалку 320 лица.
Ердоган рече дека досега се регистрирани над 5.380 повредени.
Да потсетиме, земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран во 4 часот и 17 минути во градот Пазарчик.
Спонзорирано: