Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

111 мерки за пребрзо возење на подрачјето на СВР Тетово

Вчера (05.02.2023) од 10.00 до 16.00 часот, тетовската Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај спровела засилена контрола за брзина во која вкупно биле изречени 111 мерки. Во рамките на оваа контрола биле санкционирани 37 возачи кои ја пречекориле максимално дозволената брзина надвор од населено место, од кои 3 возачи за повеќе од 70 километри на час.

Двојно повеќе возачи, односно 74 ја пречекориле брзината во населено место, од кои 2 за повеќе од 50 километри на час. Покрај ова, санкционирани се и 7 други видови сообраќајни прекршоци.

Можеби ќе ве интересира

ЦИКЛОН ЈА ЗАФАЌА МАКЕДОНИЈА – Следуваат обилни дождови, локално над 60 литри на квадратен метар 1.

ДЕСК

Црна Гора со поддршка за македонските евроинтеграции – „Проширувањето мора да биде според заслугите“

ДЕСК

ПРИЗНА ВИНА ЗА ПАЛЕЊЕТО НА ВОЗИЛАТА ПРЕД БУГАРСКАТА АМБАСАДА – Се чека проценка на штетата

ДЕСК