Израел ја истражува можноста за снабдување на Украина со својот најсовремен противракетен одбранбен систем „Железна купола“, изјави денеска израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
– Прашањето за снабдување со оружје беше разгледано и отфрлено од претходната израелска влада. Ќе го проучам ова прашање и ќе одговорам на најсоодветен начин – изјави Нетанјаху во интервју за францускиот канал LCI.
Сепак, тој рече дека Израел мора да ги разгледа своите опции и да ги земе предвид своите интереси во регионот.
– Придонесот на Израел веројатно ќе биде во други области – додаде Нетанјаху.
Израелскиот премиер потсети дека Израел и обезбедил хуманитарна помош на Украина и прифатил голем број украински бегалци.
Спонзорирано: