22.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Австрија: Лавина усмрти пет лица во алпски ски-центар во Тирол

Најмалку пет лица загинаа како последица на лавини во неколку скијачки центри во австриската провинција Тирол.

Тиролската полиција соопшти дека фаталната несреќа се случила во зимскиот центар во алпското село Св. Антон сум Арлберг.

Во соопштението се наведува дека под лавината животот го загубиле тројца спортисти на возраст од 29, 33 и 34 години, 59-годишен возач и 62-годишен турист.

Обилните снежни врнежи и последователните лавини негативно влијаат на животот во провинциите Тирол и Форарлберг на западот на Австрија.

Предупредувањето за опасност вчера беше подигнато на највисоко ниво поради лавини на 30 точки во тој западноавстриски регион.

Во претходните два дена уште три лица го загубија животот во лавини во тој регион.

Спонзорирано: