Русија воведува реципрочни санкции против 398 пратеници на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес и 87 канадски сенатори, пренесе агенцијата Интерфакс, цитирајќи го руското Министерство за надворешни работи.
Министерството соопшти дека овој потег уследи откако Вашингтон објави санкции против 328 членови на руската Дума минатиот месец.