Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд, на планините снег.
Ќе дува умерен јужен ветер. Дневната највисока температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 6 до 12 степени.
Во Скопје ќе преовладува променливо облачно со услови за слаб локален дожд и умерен југоисточен ветер. Температурите ќе се движат од 3 до 8 Целзиусови степени.
Утре и во вторник ќе се задржи променливото облачно време со локални врнежи од дожд, на планините со снег. Дневните температури ќе бидат во благ пораст.
Потоа од среда следува период на стабилно и суво време, а од четврток значителен пораст на дневната температура.
Спонзорирано: