20.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Утре без струја делови на Гази Баба, Карпош и Ѓорче Петров

„ЕВН Македонија“ АД информира дека утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците во општините Гази Баба, Карпош и Ѓорче Петров.

Во периодот од 7:30 до 15 часот без струја ќе останат корисниците од улицата Лазар Поп Трајков зградите 17, 18 и 19, во време од 7:30 до 12 часот брз струја ќе бидат корисниците од зградата бр.12 на улицата Трифун Хаџи Јанев, зградите со броеви 2 и 4 на улицата Ташко Караџа, Ветеринарниот институт и околните згради околу трафостаницата Автокоманда-2. (Општина Гази Баба).
Во периодот од 8:30 до 11:30 часот без струја ќе останат корисниците од ул. Алекса Демниевски подулицата бр.27 и околните подулици.

Во периодот од 7:30 до 15 часот без струја ќе останат корисниците од улиците Митрополит Теодосиј Гологанов објектите со броевите од 216 до 226 (само парните броеви), околу ТЦ„Олимпико“ на улицата Јуриј Гагарин објектите со броевите од 103 до 115 (само непарните броеви) и хотелот „Ибиш“, (Општина Карпош). Во периодот од 9 до 12 часот без струја ќе остане стопанскиот објект „Кадис“ во ТЦ Олимпико, (Општина Карпош), во периодот од 9 до 12 часот без струја ќе останат корисниците од дел на улицата Ибе Паликуќа, (општина Ѓорче Петров), и во периодот од 12:30 до 15 часот, без струја ќе останат корисниците од дел од улицата Исаја Маџоски, објектите околу бројот 42, во општина Ѓорче Петров.

Спонзорирано: