11.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТИЗБОР

Русите уништија вредна лабораторија во Чернобил

Руските трупи кои ја окупираа нуклеарната централа во Чернобил ограбија и уништија лабораторија на локацијата, која третираше многу радиоактивен отпад, соопштија украинските власти.

Државната агенција на Фејсбук објави дека лабораторијата имала високо активни примероци и примероци од радионуклиди, кои денеска се во рацете на непријателот.

Лабораторијата, чија изградба чинеше околу шест милиони евра, содржеше и вредна аналитичка опрема што не беше достапна на друго место во Европа, соопшти агенцијата.

Чернобил – местото на најтешката нуклеарна несреќа во светот во 1986 година – не е функционална електрана, но сепак бара постојано управување.

Русите го зазедоа во првите неколку дена од војната минатиот месец и ги задржаа вработените таму со недели.

Поранешната нуклеарна локација останува предмет на голема загриженост, а претходно оваа недела украинскиот парламент објави дека во близина на електраната избувнале шумски пожари, кои биле снимени на сателитски снимки.

Можеби ќе ве интересира

Трите балтички земји воведуваат забрана за влез на Русите

M T

Украина: Им нанесовме голема штета на Русите на југот

M T

Украинската армија тврди дека десетици Руси загинале во борбите во Херсон

M T

Австриски политичар: Русите навикнаа да живеат во сиромаштија, санкциите се на штета на оние што ги воведоа

M T

Украинскиот гувернер: Русите масовно го ограбуваат Северодонецк, одземаат дури и мебел

M T

Украинско обвинителство: Русите убиja најмалку 340 деца

M T