Генералното собрание на ОН денеска усвои резолуција со која се осудува, како што се вели, руската инвазија на Украина и се повикува Москва веднаш да ги повлече своите сили од земјата.
За резолуцијата гласаа 141 од 193 членови на Генералното собрание, пренесува „Ројтерс“.
Mеѓу државите кои ја поддржаа резолуцијата е Македонија, но и Србија.
Резолуцијата беше усвоена на крајот на вонредната седница на Генералното собрание свикана од Советот за безбедност, која започна во понеделникот.
Спонзорирано: