21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Русија тврди дека загинале околу 500 нејзини војници, според Украина тој број е 7.000

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека за време на специјалната воена операција во Украина загинале 498 руски војници, а 1.597 се ранети.

„Веста за безброј жртви во редовите на руската армија е дезинформација“, изјави за новинарите претставникот на Министерството за одбрана, Игор Конашенков.

Кога станува збор за загубите од украинска страна, Конашенков рече дека има над 2.870 загинати и околу 3.700 ранети, пренесува „Спутник“.

Од друга страна, според украинските власти, повеќе од 7.000 руски војници се убиени од почетокот на руската инвазија на земјата, изјави советникот на Зеленски, Алексеј Арестович.

Тој додаде дека се уапсени стотици руски војници, меѓу кои и високи чиновници.

Тој рече и дека командант на руската армија бил пренесен во Белорусија откако бил тешко ранет.

Спонзорирано: