Медијаторот на Обединетите нации за спорот за името, Метју Нимиц, по пристигнувањето во Скопје изрази надеж дека ќе има добри средби со македонскиот политички врв како што имал и во Атина.
„Имавме добри средби во Атина. Се надевам дека ќе имаме добри средби тука. Со нетрпение ги очекувам средбите со Владата и со другите водечки фигури“, рече Нимиц.
Во текот на утрешниот ден медијаторот Нимиц ќе оствари средби со претседателот Иванов, премиерот Заев, министерот за надворешни работи, Димитров, како и со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ, Мицкоски и Ахмети.
Спонзорирано: