17.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Пентагон објави снимка: Како рускиот ловец го пресретна американскиот авион над Црното Море

Пентагон објави видео за тоа како рускиот ловец „су-27“ над Црното Море го пресретнал авионот за радиоелектронско извидување на американската авијација EP-3E ARIES II.

Колку за потсетување, Министерството за одбрана на Русија во понеделникот објави дека на 29 јануари уредите за контрола на летање над неутралните води на Црното Море откриле непозната воздушна цел, која се приближувала до границата на воздушниот простор на Русија.

Министерството соопшти дека ловецот го следел американскиот авион не дозволувајќи му да ја наруши границата на воздушниот простор на Русија, истовремено почитувајќи ги сите потребни безбедносни мерки.

Американските медиуми потоа објавија дека се работи за небезбедно пресретнување од страна на рускиот авион бидејќи тој се приближил на растојание од само еден и пол метар. Меѓутоа, Русите соопштија дека биле преземени сите мерки на претпазливост при пресретнувањето.

Спонзорирано: