Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Циклон го зафаќа регионот – обилен дожд и снег на планините до сабота!

Под влијание на циклонска активност до сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во среда и четврток, кога на повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег. Од среда ветерот ќе го промени правецот во северен.

Прогноза за 26.11.2025
Минимална температура: 5°C до 10°C
Максимална температура: 10°C до 16°C

Претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Прогноза за 27.11.2025
Минимална температура: 5°C до 11°C
Максимална температура: 8°C до 13°C

Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне. На повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Прогноза за 28.11.2025
Минимална температура: 3°C до 9°C
Максимална температура: 6°C до 11°C

Претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Протерување на младите умови, предлог-Законот ги деградира младите кадри

C +

Поплави во повеќе региони во земјава – евакуирани 220 лица во Кичево, критично во Форино, поплавени куќи, ниви, подруми

C +

Министерство за транспорт: Во дијалог со Европската Комисија се операционализираат решенијата соодветно на барањата на македонските превозници

C +