Centar.mk
СВЕТ

Белата куќа: Ревидираниот план треба повторно да им се претстави на Русите

Каролин Левит, портпаролка на Доналд Трамп, разговараше со новинарите пред Белата куќа.

Таа порача дека разговорите за завршување на војната во Украина биле продуктивни, но дека и понатаму постојат неколку точки на несогласување.

„Ревидираниот план треба повторно да им се претстави на Русите“, напомена таа.

„Постои чувство на итност. Претседателот сака овој договор да се постигне и оваа војна да заврши. Трамп врши голем притисок врз двајцата лидери“, додаде.

На прашањето дали Трамп се држи до својот рок за постигнување договор со Украина до четврток, таа одговори дека Трамп сака договорот „да се постигне што е можно побрзо“.

Потврди и дека војната во Украина била спомната за време на денешниот телефонски разговор меѓу Трамп и кинескиот претседател Шји Џинпинг, но нагласи дека фокусот сепак бил на американско-кинеските односи./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Земјотрес од 7,6 степени ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

ДЕСК

(Видео) Мамдани објави водич за имигранти: „Вака треба да реагирате ако ве пресретне имиграционата“

C +

Вода протече низ таванот на Лувр, оштетени стотици вредни предмети

C +
error: Соддржината е заштитена.