Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

Циклон носи дожд и пад на температурите: Среда и четврток најкритични – детална прогноза за следните четири дена

Во текот на новата седмица ќе преовладува променливо облачно и посвежо време. Под влијание на циклонска активност од вторник ќе има повремени врнежи од дожд.

Врнежите ќе бидат пообилни во среда и четврток (локално над 20 l/m²), а на планините ќе бидат од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.

Прогноза за 31.03.2026
Минимална температура: -2°C до 5°C
Максимална температура: 8°C до 15°C

Променливо облачно, попладне ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Прогноза за 01.04.2026
Минимална температура: -1°C до 6°C
Максимална температура: 7°C до 13°C

Облачно со повремени локални врнежи од дожд. На повисоките планини на северозапад врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од североисточен правец.

Прогноза за 02.04.2026
Минимална температура: -1°C до 5°C
Максимална температура: 6°C до 12°C

Oблачно со повремени локални врнежи од дожд, на планините од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.

Можеби ќе ве интересира

Пронајдена дрога на Граничен премин Стар Дојран, лишени од слобода две лица, следува пријава

ДЕСК

ДА НЕ ВЕ ЛАЖЕ ДЕНЕШНОТО СОНЦЕ, СИНОПТИЧАРИТЕ НАЈАВУВААТ НЕВРЕМЕ: Детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Поголема соработка и итна акција за воспоставување на одржливо управување со отпад базиран на кружната економија

ДЕСК