Centar.mk
stab, shtab
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Мицкоски призна, со ВМРО-ОК Македонија нема да стане членка на ЕУ – предадени се националните интереси

Соопштение на СДСМ:

„Поготвени сме да чекаме и децении, нема да има уставни измени“ е досега најсилно признание на Мицкоски за изолацијата во којашто ја турка земјата. Со него и неговата Организирана криминална група Македонија никогаш нема да стане членка на ЕУ.

Ова значи со децении загарантирана сиромаштија, уште поголемо иселување на младите, криминал и корупција без контрола врз грбот на граѓаните.

Мицкоски со часовници од 60.000 евра, вредни 150 минимални плати, со бизнис мрежа и тендер коалиција која врти милиони им вели на граѓаните дека ќе чека децении. Ама напатениот народ и работниците кои едвај врзуваат крај со крај, со ниски плати и високи цени, ќе бидат принудени да земаат бугарски пасоши за спас.

Целта на Мицкоски е ВМРО-ОКГ/ЗНАМ да си делат криминални тендери а народот да трпи.
Мицкоски излажа дека ќе го врати името, излажа дека ќе обезбеди подобра преговарачка рамка, одложено дејство.

Мицкоски клечеше и молеше за власт, лажејќи го народот дека ќе го промени името, а сега поради него: Македонија е на колена. Предадени се националните интереси.

Можеби ќе ве интересира

Пронајдена дрога на Граничен премин Стар Дојран, лишени од слобода две лица, следува пријава

ДЕСК

ДА НЕ ВЕ ЛАЖЕ ДЕНЕШНОТО СОНЦЕ, СИНОПТИЧАРИТЕ НАЈАВУВААТ НЕВРЕМЕ: Детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Поголема соработка и итна акција за воспоставување на одржливо управување со отпад базиран на кружната економија

ДЕСК