10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Пендаровски до Силјановска-Давкова: Штета што немаше ветинг во 90тите, вие прва немаше да го поминете

Во претседателската дебата на МТВ, по критиките на кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкоа за предлогот за ветинг од страна на претседателот Стево Пендаровски, тој ѝ одговори дека доколку имаше ветинг во 90тите, таа немаше да го помине.

„Штета што немаше ветинг во 90тите, да имаше вие прва немаше да го поминете“ ѝ одговори Пендаровски на Силјановска-Давкова.

Пендаровски во дебатата додаде дека мора да се спроведе задолжителен ветинг за судството, обвинителството и политичарите.

„Да ги провериме имотите прво на политичарите. Не мислам дека има едно дувло, еден центар, за жал, зафатени се повеќе високи центри и во судството и во обвинителството и во политиката“ рече Пендаровски.

Зборувајќи за измените на Кривичниот законик, Пендаровски рече дека непропорционално висок процент на функционери на ВМРО-ДПМНЕ имаат ќар од измените, дури и актуелни пратеници меѓу кои се Игор Јанушев и Антонио Милошоски и веројатно поради тоа опозицијата направи кворум во Собранието.

Спонзорирано: