Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Пендаровски: Јас сум претседател кој дал најмногу вета за кои законите не се вратени потоа

„Вложив две вета во мојот мандат, за дивите градби и најавив и две други вета, за кои не дојдоа законите, бидејќи знаеја дека ќе им ги вратам. Јас сум претседател кој дал најмногу вета и за кои не се вратени законите за тие вета што ги вратив“ рече претседателот Стево Пендаровски на дебатата на МТВ.

Тој додаде дека се залага за унапредување на суспензивното вето на претседателот во апсолутно, но не е за отворање на уставот за секое посебно прашање.

„Ако влеземе во уставни промени, за ова што го заговараме, за Бугарите во Устав, заедно со други пет делови на народи, можеме да го промениме и делот за овие 20 отсто и делот од суспензивно во апсолутно вето“ рече Пендаровски.

Претседателот истакна дека само за тоа не треба да се отвора Уставот, но дококлу веќе се отвори, тогаш треба да се промени и тоа.

Можеби ќе ве интересира

СУВО ВРЕМЕ СО УТРИНСКА МАГЛА – Во сабота наутро наместа до −3 °C, детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

ОЈОГОКК вклучено во меѓународна истрага на Европравда против криминална мрежа за инвестициски измами

ДЕСК

Мицкоски: Компанијата „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, најавени и три нови производни капацитети

ДЕСК