4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Движењето ЗНАМ ги утврди кандидатските листи за пратеници

„Движењето ЗНАМ – За наша Македонија денеска информира дека органите на Движењето ЗНАМ, Извршниот одбор, а потоа и Централниот одбор со акламација ги утврдија кандидатските листи за пратеници во сите шест изборни единици“, рече портпаролот Никола Мемов на денешната прес конференција.

„За разлика од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, каде што во голема мера ги номинираа досегашните пратеници во Собранието на Република Македонија и не понудија ништо ново во кадровска смисла, Движењето ЗНАМ – За наша Македонија на листите за пратеници номинираше луѓе кои се нови во политиката, стручни во областите во кои што работат, авторитетни и препознатливи во своите средини, чесни луѓе со карактер и вистински вредности, но и луѓе кои веќе имаат политичко искуство, со чист образ“, додаде Мемов.

Тој нагласи дека во ЗНАМ веруваат дека граѓаните на Македонија ќе ја препознаат разликата во квалитетот на кандидатите за пратеници и довербата ќе ја дадат за Движењето ЗНАМ – За наша Македонија.

Новинарите побараа коментар за рејтингот на господин Максим Димитриевски, кој според последната објавена анкета, е повисок од рејтингот на сегашниот претседател на државата, Стево Пендаровски, за што портпаролот на Движењето ЗНАМ, Никола Мемов рече:

„Како резултат на конзистентните политики на Движењето ЗНАМ и нашите политички ставови, трендот во јавноста е зголемување на довербата на граѓаните кон нашиот Претседател, господинот Максим Димитриевски и движењето ЗНАМ-За наша Македонија. Како и досега во неколку наврати напоменавме дека конечната анкета ќе ја испорачаат граѓаните на денот на изборите“.

Запрашан дали ЗНАМ очекува неговиот кандидат за претседател, Максим Димитреивски да влезе во вториот изборен круг од претседателските избори, Мемов рече: „Одговорот на вашето прашање е апсолутно да, очекуваме Димитриевски да влезе во вториот круг“.