4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото МВР на Србија
СВЕТ

Се појави снимка – полицијата истражува дали е тоа исчезнатата Данка

Нова трага во истрагата за исчезнатата Данка Илиќ се појавила утрово во три и пол часот по полноќ, кога полицијата добила информација дека девојчето е видено во Виена во придружба на двајца романски државјани.

„Блиц“ дошол во видеото од девојчето за кое постојат сомнежи дека е исчезната, Данка Илиќ.

Девојчето е фотографирано во Виена во придружба на две жени. Интензивно се работи на идентификација и лоцирање.

Полицијата синоќа стапила во контакт со австриските колеги и му ги испратила на Европол сите податоци и видеото.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска на аеродром изјави дека се појавила нова трага во потрагата по Данкa Илиќ.

„Сакам да и се заблагодарам на полицијата која работи деноноќно. Кога се појави нова трага во три и пол како синоќа, ме известија и мене. Се надевам дека ќе успеат да го расветлат и тој случај“, рече Вучиќ.