25.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

За масакрот во Москва уапсени татко и два сина: „Им помагаа на терористите“

Уапсени се уште тројца осомничени во врска со терористичкиот напад во петокот во Москва, во кој загинаа 139 лица.

Браќата Аминчон и Диловар Исломов, како и нивниот татко Исроил Исломов, денеска се појавија пред судот во Басмани обвинети за помагање и поттикнување тероризам и беа осудени на истражен притвор во високобезбедносен објект до 22 мај.

Тие се обвинети дека биле дел од ќелијата на ИСИЛ, која го изврши нападот и помогна во планирањето на бегството на вооружените лица, кои отворија оган врз посетителите на концертот во „Крокус сити хол“ во близина на Москва.

Диловар Исломов е претходниот сопственик на белиот автомобил „рено“ со црн покрив за кој властите тврдат дека било возило за бегство на напаѓачите на „Крокус сити хол“. Таткото и синовите се обвинети за заговор со еден од другите наводни напаѓачи, Шамсидин Фаридуни.

ТАСС јавува дека е уапсен и Киргистанецот Алишер Касимов, кој наводно им изнајмил стан на извршителите на терористичкиот напад. Касимов е роден во градот Ош. Тој е руски државјанин и има три деца. Тој е сопственик на кафуле во Красногорск, пишува ТАСС.

Спонзорирано: