22.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Чиста енергија, поевтина струја, енергетска независност – ветува СДСМ во новата изборна програма

Чиста енергија и поевтина струја, најавува СДСМ во новата програма, доколку партијата повторно ја освои власта.

Во изборната програма СДСМ ветува зголемување на вкупното домашно производство на електрична енергија, енергетска независност и намалување на цените на струјата.

„Предвидуваме зголемување на вкупното домашно производство на енергија за најмалку 70% до 2028 во однос на 2019 година.

Енергетска независност и самостојност со која ќе ги задоволуваме 100% од сопствените потреби. Проширувањето на домашните енергетски капацитети ќе влијае на намалување на цените на струјата.“ – велат од СДСМ.

Изминативе години Владата успеа со правилно менаџирање кризата да ја претвори во можност

Во изминатите две години во земјава има најголемо инвестирање и најмногу обновливи извори на енергија кои што произведуваат електрична енергија.

До 2016 година имало само 16 мегавати инсталирани обновливи извори на енергија.

Само во изминатите две години се исталирани 600 мегавати обновливи извори на енергија, кои може да снабдуваат околу 170 илјади домаќинства со струја.

Во само 2 години Владата успеа да имплементира проекти со капацитет од 600 мегавати обновливи извори на енергија, сонце, вода и помал дел од биомаса, производство на електрична енергија.

Спонзорирано: