13.8 C
Скопје
14. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Чарлс ќе се појави во јавноста првпат по објавувањето дека има рак

Британскиот крал Чарлс Трети ќе присуствува на велигденската миса во капела во Виндзор, а неговото учество на традиционалниот кралски настан ќе биде негово прво појавување во јавноста откога во февруари му беше дијагностициран рак.

Бакингемската палата денеска објави дека кралот и неговата сопруга, кралицата Камила, ќе присуствуваат на неделната миса на 31 март, која вообичаено е собир на постарите членови на кралското семејство.

Оваа објава дојде неколку дена откако принцезата од Велс и снаата на кралот, Кејт, ѝ соопшти на јавноста дека боледува од рак и оди на превентивна хемотерапија.

Помалку луѓе ќе присуствуваат на велигденската миса оваа година поради здравјето на кралот, објави Бакингемската палата.

Кејт и престолонаследникот, принцот Вилијам, нема да присуствуваат, како што претходно најавија од нивната канцеларија.

По објавувањето на дијагнозата, кралот Чарлс има ограничени јавни настапи за време на неговото лекување.