15.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay / илустрација
КОРОНАВИРУССВЕТ

Короната на голема врата се врати во САД, некаде повторно се вратија и маските!

Повеќе болници во САД бараат маски и ги ограничуваат посетите бидејќи здравствените службеници се соочуваат со очекуван, но сепак непријатен скок на грип, „Ковид-19“ и други болести по празниците.

Иако многу експерти велат дека оваа сезона веројатно нема да биде смртоносна како последните зими, таа сепак може да значи стотици илјади хоспитализации и илјадници смртни случаи низ целата земја

Во Њујорк минатата недела носењето маски беше воведено во 11 градски болници. Слични мерки беа наредени минатата недела во некои болници во Лос Анџелес и Масачусетс. Пред неколку месеци, некои болници повторно ги воведоа правилата за носење маски на нивните вработени во пресрет на сезонскиот прилив на настинки.
Инфекциите со грип и „Ковид-19“ се во пораст со недели, а високи нивоа на заболување слични на грип се пријавени во 31 сојузна држава во САД непосредно пред Божиќ.

Иако бројот на заболени од грип нагло се зголеми, овогодинешните случаи се предизвикани од вирус кој обично не предизвикува толку смртни случаи и хоспитализирања како некои други верзии.

Спонзорирано: