19.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЗДРАВЈЕ

Вртоглавица по станување: Лекар објасни зошто се случува и на каква болест може да укажува

Доктор Џеф Фостер (Џеф), општ лекар во Велика Британија, редовно одговара на прашањата на читателите и споделува бесплатни здравствени совети за Дејли Сан. Неодамна, еден загрижен читател кој има чести вртоглавици – чувство на вртење околу или во главата или губење на ориентацијата во просторот – му се пожали.

– Имам 45 години и секојдневно имам вртоглавици. Ако станам по долго седење, ми се врти многу, едвај се држам на нозе. Што ми се случува?

Д-р Фостер се обиде да објасни колку всушност е опасна вртоглавицата и на какви здравствени проблеми може да укажуваат.

– Вертигото може да биде многу непријатно, но навистина е симптом на основниот медицински проблем. Тоа може да биде предизвикано од нутритивни недостатоци, состојби на срцето и крвниот притисок, хормонски проблеми или проблеми со шеќерот во крвта, проблеми со увото, па дури и болести поврзани со мозокот – рече докторката и додаде дека посетата на лекар е прв приоритет.

Научниците од Универзитетот во Калифорнија открија дека луѓето на кои често им се врти кога стануваат имаат 40 отсто поголем ризик од развој на деменција. Причината лежи во проблемот со нискиот крвен притисок што се јавува кога ќе станете, покажа студија на 2.000 луѓе над 12 години.

Најголемиот проблем настанува кога личност со неутврдени симптоми ќе се најде зад воланот. Како што кажа и самиот лекар, тоа може да предизвика сериозни последици и за возачот и за другите учесници во сообраќајот.