18.8 C
Скопје
9. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Американски воени авиони напаѓаат цели во источна Сирија

Американски воени авиони извршија напади врз локации поврзани со групи поддржани од Иран во Сирија, соопшти американското Министерство за одбрана.

Како што јави Sky News, во нападот е уништено оружје складирано во две цели – објект за обука и безбедна куќа, објавија Пентагон и американските власти.

Објектот за обука служел и како складиште за оружје, а безбедната куќа, лоцирана во областа Булбул во Мајадин, функционирала како штаб на групите поврзани со корпусот на Иранската револуционерна гарда во областа, рече еден официјален претставник.

Тие, исто така, објавија дека персоналот поврзан со Револуционерната гарда бил присутен во моментот на нападот и најверојатно биле погодени, но Пентагон не потврди дали се убиени.

Во последните две недели, САД извршија три напади врз магацини со оружје поврзани со Иран во Сирија.

Се вели дека нападите биле како одмазда за повеќе од 50 напади со ракети и беспилотни летала што милитантните групи поддржани од Иран, слични на Хамас, ги изведоа против американските бази во Ирак и Сирија.

Многу милитантни групи дејствуваат под водство на Исламскиот отпор во Ирак.

Групите почнаа да ги напаѓаат базите на 17 октомври, по експлозијата во болница во Газа, при што загинаа стотици цивили.