13.8 C
Скопје
15. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Внимание: По повод 9 мај, граѓаните рекоа дека ќе се вразумиме дома и дека единствениот пат ни е кон Европа

По повод 9 мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, екипата на Внимание ги праша граѓаните: Што е позначајно – Денот на Европа или денот на победата врз фашизмот?

Мнозинството граѓани сметаат дека 9 мај за нас е позначаен како денот на победата врз фашизмот. На прашањето „Зошто повеќето од младите ја гледаат иднината во Европската Унија?“, повеќето од граѓаните сметаат дека ЕУ нуди подобра иднина, поголеми можности и повеќе перспективи. „Пошто поише пари се праат за истата работа“, вели еден граѓанин.
„Ради пари, бољи живот, поубави женски“, вели друг граѓанин. Повеќето од граѓаните сметаат и дека фашизмот не е целосно победен во 1945.

Една граѓанска вели дека „Треба да се допобеди неофашизмот“.

Во однос на прашањето, „Дали избориве ќе ни помогнат да се доближиме до целта – членство во ЕУ?“, граѓаните даваат различни и провокативни и одговори. „Се надевам дека ќе се вразумиме дома и дека единствениот пат ни е кон Европа… без ЕУ ми се чини дека ние немаме просперитет“, вели еден граѓанин.
Анкетата „Внимание, внимание – зборуваат граѓаните“, се емитува на каналите на „Трн“ (на Фејсбук, YouTube, и на Инстаграм) и нејзината цел е да се чуе гласот на граѓаните, посебно на младите. Гласот на граѓаните нѝ го претставува артистот Дениз Абдула, а продукцијата е на „Трн.мк“.