20.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Мекдоналдс призна: Во Велика Британија добива два пријави за сексуално вознемирување неделно

Алистер МекКро, шеф на Мекдоналдс во Велика Британија, изјави дека овој ланец за брза храна добива дури две пријави за сексуално вознемирување неделно.

Тој на претставниците им откри дека од јули годинава до сега примил повеќе од 400 поплаки од работници. Не се знае колку пријави биле испратени до полицијата, а тој изјавил дека 18 работници се откажале од работа.

По извештајот на Би-Би-Си за сексуалното вознемирување на работниците во летото, МекКро формираше истражна единица која конкретно се занимава со поплаки за сексуално вознемирување.

МекКро рече дека 17 поплаки поврзани со сексуално вознемирување и резултирале со дисциплинска постапка, додавајќи дека девет се однесуваат на малтретирање, а една за расно вознемирување.

Инаку, Мекдоналдс е еден од најголемите работодавачи во приватниот сектор во Велика Британија, вработувајќи повеќе од 170.000 луѓе.

Според Би-Би-Си, три четвртини од вработените се на возраст од 16 до 25 години, а на многумина тоа им е прва работа.

Мекдоналдс има вкупно 1.450 ресторани, а според МекКро, 89 отсто од неговите филијали во Велика Британија се управувани од франшизи, но дека никој од нивните клиенти сè уште не ги загубил своите договори поради наводите за злоупотреба.